Демонстрантите со порака пред домот на полицаецот кој го убил Џорџ Флојд: "Убиец"

Точка

28/05/2020

15:09

3.074

Големина на фонт

а а а

Откако смртта на Афроамериканецот поттикнала протести, демонстрантите отишле и чекор понатаму и на полицаецот обвинет за убиство му оставиле порака пред неговата куќа.

Насобраните пред неговата куќа протестирале со транспаренти на кои меѓу другото пишувало дека "луѓето не убиваат луѓе, полицајците убиваат луѓе", а на влезот од неговиот дом се појавил натпис "Убиец", и се било испрскано со црвена боја. 

На улицата демонстрантите напишале - "Тука живее убиец".

Потсетуваме, Афроамериканецот Џорџ Флојд бил убиен од страна на полицаец, кој, според наводите на очевидците, но и според тоа што може да се види на објавените видеа од инцидентот, ги игнорирал молбите на Флојд да го ослободи бидејќи не може да диши.

Убиството предизвикало протести во Минеаполис, а во судирите со демонстрантите полицијата употребила солзавец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг