Нова снимка од апсењето и убиството кое ја шокираше Америка: Ова јасно покажува дека полицијата лаже!

Точка

28/05/2020

21:43

14.071

Големина на фонт

а а а

Новата снимка која ја објави “CBS Evening News” јасно го прикажува апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина откако полицаецот Дерек Чавин со колено му го имаше притиснато вратот пет минути.

Имено, на снимката може да се види дека Флојд воопшто не им дава отпор на полицајците, што е спротивно од изјавата на портпаролот на полицијата кој тврдеше дека Флојд давал отпор при апсењето.

Полицаецот Дерек Чавин со колено го имаше притиснато вратот на Флојд кој го молеше да не го убива: „Немојте да ме убивате, ве молам, не можам да дишам“.

За жал, Флојд почина, а поради неговата смрт веќе два дена по ред демонстранти се собираат на улиците и бараат правда. Во текот на ноќта избија и судири во кои демонстрантите запалија и ограбија продавници во близина на полициската станица во која работеле полицајците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг