Украинка се соблекла во пошта: Наместо заштитна маска, на главата ги ставила своите гаќи

Точка

27/05/2020

15:52

2.045

Големина на фонт

а а а

Една Украинка која немала заштитна маска, пронашла бизарна алтернатива и сепак влегла во пошта.

Поради пандемијата на коронавирусот сè уште е на сила обврската за носење на заштитни маски, особено во затворени простории. Меѓутоа, една Украинка која влегла во пошта не носела маска и била предупредена, но тоа очигледно ѝ сметало. 

Од револт таа ги соблекла панталоните, а потоа и гаќите и ги ставила на главата за да ги задоволи прописите. Потоа повторно ги облекла панталоните како ништо да не се случило.

Интересно е тоа што ѝ била понудена бесплатна заштитна маска, но Украинката одбила да ја користи.

Настанот го снимила безбедносната камера во една пошта во Киев, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи. Во јавноста се појави откако ја објавил вработен во поштата на кој сега му се заканува отказ, пишува “Russia Today”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг