Под притисок од САД, Израел ја отфрли кинеската понуда за изградба на најголема фабрика за десалинизација

Макфакс

27/05/2020

13:25

715

Големина на фонт

а а а

Под притисок од САД, Израел назначи локална компанија за изградбата на „Сорек 2“, фабриката за десалинизација која ќе биде најголема во светот, наместо кинеска компанија, пренесува „Џерусалим пост“.

Веста доаѓа недела и половина по посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Ерусалим за време на која тој го повика Израел да ги намали врските со Кина.

Меѓу понудувачите за договорот вреден 1,4 милијарди американски долари беше и „Хатчисон вотер“, подржница на кинеската „ЦК Хатчинсон груп“ со седиште во Хонг Конг. Компанијата е основана од Ли Ка-Шинг, кој минатата година беше 30-ти најбогат човек во светот.

Наместо тоа, израелското Министерство за финансии ја ангажираше израелската „ИДЕ технолоџис“ за изградба на фабриката што ќе биде завршена во 2023 година.

САД ги повикаа Израел и неколку други сојузници да ги прекинат врските со Кина во областите со безбедносни ризици. Предложената фабрика за десалинизација освен што е дел од стратешката инфраструктура на Израел, ќе биде изградена во непосредна близина и со нуклеарниот центар „Сорек“ и воздухопловната база „Палмачим“.

САД конкретно го означија учеството на „Хатчинсон вотер“ и, според израелски официјален претставник, го повикале Израел да го преиспита за учеството на кинеската компанија на тендерот.

„Сорек 2“ е наменета за десалинизација на вода по цена од 1,45 – 0,65 НИС за кубен метар (0,41 -0,19 американски долари) поевтино од постојните решенија за десалинизација, се вели во соопштението од министерствата за финансии и за енергија. До 2023 година, фабриката ќе произведува 200 милиони кубни метри годишно десалинизирана вода од Медитеранот.

„Пред околу две години, одобрив револуционерна владина програма за справување со идните периоди на суша, во која решив да ги удвојам целите за десалинизација до 2030 година“, рече министерот за енергетика Јувал Штајниц.

„Фабриката за десалинизација, која ќе биде најголема од ваков вид во светот, е резултат на спроведувањето на оваа програма, а заедно со објектот за десалинизација во Западна Галилеја чија изградба веќе е во тек, значително ќе го зголемат обемот за развој и состојбата на израелскиот пазар на вода. “



Спонзорирани линкови

Маркетинг