Освој ваучер од 1.500 денари за „одложено“ славење во Еквилибриум!

Точка

27/05/2020

18:00

1.673

Големина на фонт

а а а

Халкбанк и Точка за поддршка на трговците погодени од кризата.

„Создаваме вкусни сеќавања“, велат од ресторанот и кафе-бар Еквилибриум, а ние немаме што повеќе да додадеме освен дека овој ресторан навистина има извонредна храна и нуди незаборавно искуство за дружење.

Но, за повторно да ги создадеме овие „вкусни сеќавања“, за жал почекавме повеќе, бидејќи како и сите угостители во земјава, така и Еквилибриум мораше да го затвори својот локал со цел да се превенира поголемо ширење на пандемијата со КОВИД-19.

Во денови на карантин, Еквилибриум вршеше испорака на своите специјалитети, но на нивните клиенти сигурно им недостасуваше и дружење во живо, со добра храна и во прекрасен амбиент, па со последната одлука на Владата за повторно отворање на угостителските објекти, и Еквилибриум повторно ќе им пружи врвна услуга на своите гости.

Од друга страна, Халкбанк, како општествено одговорна компанија, низ повеќе симболични гестови одлучи да поддржи повеќе трговци чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови со цел побрзо справување со економските последици од здравствената криза, а ние безусловно се приклучуваме кон оваа иницијатива и на еден читател на Точка доделуваме ваучер во вредност од 1500 денари за ресторанот и кафе-бар Еквилибриум, за да дадеме барем мала поддршка за побрзо заживување на овој ресторан.

Сѐ што треба да направите е следново:

- Нашата објава споделете ја јавно на вашиот Facebook профил со #ВажниСеЛуѓето
- Тагнете ги @Halkbank AD Skopje, @Tocka и @EQUILIBRIUM restaurant & coffee bar
- Во коментар на овој пост да го тагнете друштвото со кое прво би отишле во @EQUILIBRIUM

Ние по случаен избор ќе прогласиме еден победник на 01.06.2020

Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг