Точка ТВ: Маск ќе го чипува човештвото – што претставуваат мозочните импланти кои сака да ги стави во нашиот мозок?

Точка

26/05/2020

21:22

3.708

Големина на фонт

а а а

Едно е сигурно – симбиозата на човекот и машините никогаш досега не била поблиска. Што носат мозочните импланти со себе доколку сето тоа се реализира и дали тоа е патот кон напредокот или пак пропаст?

Милијардерот Илон Маск најави дека тестирањето на мозочните импланти за поврзување на човечкиот мозок со компјутерите ќе се тестира кај луѓето за помалку од една година.

Експертите тврдат дека употребата на мозочните импланти, која што се интегрира во мозочното ткиво, пред сè треба да послужи за враќањето на подвижноста, видот, способноста за говор и сетилото за слух кај луѓето кои што ги изгубиле.

Од друга страна, Маск тврди дека поврзувањето на мозокот со компјутерите е единствениот начин да бидеме во чекор со развојот на вештачката интелигенција, што значи дека тоа би можело да послужи и како нешто помоќно од лекот.

Научник при Електротехничкиот факултет во Белград, Андреј Савиќ, кој што докторирал за мозок-компјутер интерфејс технологија и кој веќе 10 години се занимава со невронауки, изјавил дека тоа што Маск моментално го прави не е ништо сензационално, затоа што таа технологија постои и се развива со години наназад, само што популарноста на Маск моментално ја ставила во фокус кај јавноста.

„Тоа што всушност го прави Илон Маск е само нова генерација на електроди, нова генерација на интерфејс и начин на мерење на мозочната активност, во таа смисла таа технологија би можела да биде иновативна и револуционерна, но самата идеја постои одамна и веќе наголемо се развиваат и тестираат такви работи“ – вели Савиќ.

Тој исто така истакнал дека веќе подолго време постои и „Брејнгејт“ имплантибилен систем, со чија помош некоја жена со тешка повреда во мозокот, по многу години првпат испила чаша со вода, за што била користена механичка рака која што ги контролирала нејзините мисли.

Савиќ истакнал дека таквите системи и понатаму се на ниво на истражување и дека бројот на експериментите кои што се спроведуваат на пациентите за тестирање на самите системи не е голем.

Освен што примаат сигнали, имплантите можат и да ги испраќаат сигналите, што е познато како мозочна стимулација која исто така се користи за медицински цели.


Савиќ тврди дека вештачката манипулација со мозокот со помош на таквите системи не е возможна, затоа што самата технологија во голема мера е ограничена.

„Вие можете со електрична или пак магнетна симулација на мозокот да направите некаква интеракција, но истата е многу груба. Таа може да има некои ефекти, но засега нејзиното дејство е ограничено и е направено за специфични намени“ – објаснил Савиќ.

Тој исто така истакнал дека да се направи увид во целокупната мозочна активност не е возможно, затоа што не може да се дизајнира систем кој што може да измери или пак селективно да стимулира милијарди поединечни нервни ќелии, па ниту најмоќниот компјутер не би можел одеднаш да обработи толкава количина информации.

„Всушност, на некој начин сите сме чипувани затоа што имеме мобилни телефони во нашите џебови кои што содржат значајни информации за нас“ – смета Савиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг