Точка ТВ: Зошто Никола Тесла секогаш вртел 3 круга околу својата зграда? Одговорот се крие во пирамидите

Точка

26/05/2020

16:14

5.071

Големина на фонт

а а а

Големиот научник Никола Тесла имал идеи кои биле помалку езотерични. Неговите опсесивни навики како заобиколувањето на својата зграда точно 3 пати се поврзани со неговиот генијален ум, но и со неговата фасцинираност од пирамидите.

Без изумите на еден од најголемите иноватори и научници во историјата, светот денес би бил незамисливо место за живеење. Тесла е заслужен за бројни идеи поради кои денес имаме електрична енергија, безжичен интернет, паметни телефони и многу друго. Покрај идеите кои ги реализирал и патентирал, овој научник имал и други интереси во различни области, а некои од нив навистина биле тешки за разбирање. 

Тесла целиот свој живот бил фасциниран од најтаинствените египетски градби, а тоа го објаснува изборот на триаголник за дизајнот познат како електромагнетна пирамида. Научникот сметал дека пирамидите се големи предаватели на енергија и страсно ги проучувал – за него целата Земја претставувала џиновски генератор на неограничена енергија.

Во 1905 година, Никола Тесла поднел патент наречен “Уметноста на пренесувањето на електричната енергија преку природни медиуми” во кој се наведени проекти за серија генератори низ светот кои би се приклучиле на јоносферата за собирање енергија.

Експерименталната станица во Колорадо Спрингс, како и кулата Варденклиф на источниот брег се изградени на локации избрани според закони по кои биле изградени и пирамидите во Гиза. Дизајнот бил наменет за безжичен трансфер на енергија.


Лево: кулата Вандерклиф, десно: експерименталната станица во Колорадо Спрингс

Другиот апсект на размислување на Тесла бил поврзан со нумерологијата – броевите 3, 6 и 9 биле негова опсесија.

“Ако ја знаете величественоста на 3, 6 и 9, тогаш ќе го имате клучот на универзумот“, велел српскиот научник.

Неговата компулсивност одела дотаму што тој 3 пати се возел околу зградата пред да влезе или отседнувал во хотели со броеви деливи со 3. Тесла секогаш носел одлуки во групи од 3 лица.


Некои веруваат дека опсесијата со овие броеви е поврзана со неговата склоност кон пирамидалните форми.

Мистеријата за изградбата на пирамидите сè уште не е откриена, но една од теориите ја застапува токму тезата на Тесла дека тие се потенцијални генератори на енергија и се код на древните цивилизации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг