Несторовиќ повторно шокира: Сигурен сум дека имав корона, но сепак јадев свинско

Точка

26/05/2020

15:03

5.114

Големина на фонт

а а а

Професор др Бранимир Несторовиќ, член на кризниот штаб за борба против Ковид-19, изнел шокантна информација дека го прележал коронавирусот.

Гостувајќи во една емисија признал и дека не бил во самоизолација бидејќи морал многу да работи. 

"Јас сум речиси сигурен дека имав коронавирус на самиот почеток, бидејќи два дена имав температура и дијареја, изгледаше како тоа да е тоа. Не бев во самоизолација бидејќи не беше момент за тоа и мораше да се работи. На мене брзо ми помина, но не заразив никого бидејќи бев социјално одговорен", вели др Несторовиќ во емисијата.

Меѓутоа, кога новинарите го прашале дали е можно да бил толку неодговорен и да не направи ништо од тоа што им било препорачувано на сите други, Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно ни кон себе ни кон луѓето од својата околина.

"Во еден момент навистина помислив дека е можно да сум се заразил, но ги немав тие тегоби. Можев да јадам свинско, не ми се изгуби чувството за мирис, што е прв симптом на коронавирусот. Ние тогаш имавме бројни состаноци во владата, каде се среќавав со разни луѓе. Седум или осум од нив се заразија, дури и готвачката на кафе. Во тоа време мене ме фати некој страв, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам домашните заминав од станот и отидов во Обреновац. Три дена лежев, два дена имав температура, а го направив и оној брз тест, кој беше негативен. Веќе следниот ден бев на нозе", вели Несторовиќ, кој имал тегоби кон крајот на февруари.

Тој тврди и дека коронавирусот во Србија циркулирал многу пред првооткриениот пациент.

"Ако е сега потврдено дека коронавирусот во Италија бил присутен уште од 27-ми декември, значи веднаш по католички Божиќ, кога многу наши луѓе доаѓаат во Србија за празниците, нема шанса веќе од јануари вирусот да не циркулирал и во нашата земја. Се сеќавам дека пред првиот кризен штаб прегледав дете за кое сега сум сигурен дека имаше коронавирус, бидејќи ги имаше сите симптоми. И детето кашлаше во мене, но среќа, јас имам силен имунитет", вели Несторовиќ и открива дека секое утро мирисал лаванда со оглед на тоа дека губењето на мирисот е првиот симптом на вирусот.

Додека критичарите на др Несторовиќ сметаат дека како член на кризниот штаб се однесувал многу неодговорно кога ги добил симптомите, вчера никој од неговите колеги од тоа тело не сакал ништо да коментира на таа тема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг