Во Германија подготвуваат револуционерна промена која речиси цел свет ја бара

Дерби

26/05/2020

13:12

1.207

Големина на фонт

а а а

Претседателот на германскиот фудбалски сојуз, Фриц Келер уште еднаш зборуваше за својата замисла за ограничувањето на финансиските примања на фудбалерите.

Долго време јавноста бара воведување на т.н „селари кап“ и во фудбалот, но ваквите барања не беа слушнати од страна на раководните лица.

Кога пред одреден период Келер зборуваше за вакво нешто наиде на критики од првиот оперативец на Баерн Минхен, Румениге, кој изјави дека никој нема право да се меша во работата на клубовите.

Сепак, сега Фриц Келер најави дека сериозно се разгледува можноста за ограничување на финансиските примања на фудбалерите во Германија.

– Фудбалот мора да научи скапоцени лекции од оваа криза и мора да има финансиска контрола и ограничување на платите на играчите.

– Мора професионалниот фудбал да го донесеме до луѓето, во нивниот секојдневен свет. Значи, потребен ни е подобрен состав на фиансиска контрола и ограничување на платите, - дециден беше Келер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг