Комисијата за заразни болести препорача: Македонија да го укине полицискиот час, границите да се отворат на 1-ви јуни

Точка

26/05/2020

11:16

4.880

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заразни болести препорачува од 1-ви јуни да се отворат границите, а полицискиот час да се укине, пишува "Фактор".

Комисијата имала состанок утрово, а според сугестиите дозволено ќе биде и кафулињата и останатите угостителски објекти да отворат во четврток, пишува "Фактор". 

Овие препораки сега треба да ги и прифати и Владата, но за денеска нема закажано владина седница.

Актуелниот полициски час трае од 19 часот навечер до 5 часот наутро.

Извор од Комисијата за "Фактор" рекол дека полицискиот час секако нема ефект, бидејќи граѓаните не се придржуваат до истиот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека фотографиите и прилозите во медиумите се загрижувачки, бидејќи и покрај апелите на институциите да нема масовни собирања, почитување на препорачаната дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се почитувало од граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг