Италија: Бројот на починати речиси се дуплирал за еден ден

Точка

25/05/2020

23:13

2.093

Големина на фонт

а а а

Бројот на починати од коронавирус во Италија денеска пораснал за 92, што е значително повеќе во однос на 50, колку што изнесувал еден ден претходно.

Агенцијата навела дека бројот на нови случаи пораснал за 300, што е значително помалку во однос на 531 лице вчера, пренесува „Ројтерс“.

Во вчерашниот извештај за бројот на починати, не се пресметани податоците од Ломбардија поради технички проблеми.

Засега не се знае дали бројот на луѓе кои вчера починале во Ломбардија е вклучен во денешниот биланс кој изнесува 34 случаи.


Вкупниот број на починати во Италија изнесува 32.877, што е трет најголем број во светот после САД и Британија. Бројот на заразени од коронавирус изнесува 230.158, а тоа е шести најголем број после САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.

На одделенијата за интензивна нега има 541 лице, што е незначително помалку во однос на вчерашниот ден кога имало 553.

Од коронавирус се излечени 141.981 случаи, додека се тестирани 2.219 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг