Хорор во градовите ширум Америка! Стаорците станале поагресивни поради недостигот на храна

Точка

25/05/2020

18:51

2.355

Големина на фонт

а а а

Центрите за контрола и превенција на болести во САД, "CDC", предупредиле на необичното или агресивно однесување на стаорците кои живеат во градовите и кои поради пандемијата веќе два месеци немаат извори на храна како улично ѓубре или отпад од рестораните.

"Guardian" пренесува дека минатиот месец по затворањето на градовите, а според податоците на националното здравствено тело, забележани се изгладнети глувци кои се воделе "канибалистичка војна" и ги јаделе своите млади. 

"Затворањето донесе до намалување на храна за глодарите, посебно во густите комерцијални области", објавиле центрите за контрола и превенција на болести во неодамна ажурираните насоки за контрола на глодарите.

"CDC" предупредуваат на можен пораст на барањата за услуги за уништување на глодарите и на извештаи за нивното необично или агресивно однесување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг