Лампард за играчот кој бил најгласен во соблекувалната на Челси: Знаејќи ги атрибутите…

Дерби

25/05/2020

17:09

1.437

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард по успешната играчка кариера во која пред се се прослави како член на Челси тргна во нов предизвик, да биде тренер.

Тоа за многу од неговите поранешни соиграчи беше изненадување од проста причина што Лампард во соблекувалната, како играч, заменик капитен на „сините“ бил тивок и никогаш не покажувал интерес за таа работа. 

-Никогаш не зборував за тоа со други играчи и кога некои од нив станаа тренери, јас бев изненаден. Слушнав дека некои играчи биле изненадени што станав тренер, имајќи предвид каков бев како играч. Никогаш не бев гласен во соблекувалната како заменик капитен. Тоа дури не се очекуваше од мене знаејќи ги атрибутите на Џон Тери кои беа поразлични од тие што ги имав, -вели Лампард кој проговори за работата како менаџер.

-Знам дека менаџер мора секоја недала да направи несреќни 10 или 15 играчи, да донесе одлуки што ќе направат некои луѓе да бидат незадоволни и да започнат да критикуваат. Мора тоа да го прифатите и да не направите голема врева од тоа. Се обидувам да ја гледам поголемата слика.

-Мислам дека ако сум искрен со играчите, на крајот тие ќе ме почитуваат повеќе, без оглед на фактот дека ќе бидат вознемирени затоа што не се во почетната постава, -истакнува предводникот на „сините“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг