Точка ТВ: Луѓето истражиле само 5% од океаните, а на дното се кријат големи мистерии – од животни убијци до милиони тони злато

Точка

25/05/2020

23:03

7.316

Големина на фонт

а а а

Факт е дека ги познаваме само површинските слоеви на океаните – експертите велат дека се истражени само 5% од целокупната водена површина.

За споредба, Марс како оддалечена планета од Земјата е повеќе истражувана од океаните, на чие дно се кријат бројни мистерии – еве дел од нив:

Флуоресцентни корали

Научниците апелираат дека топлите океани, загадувањето и човечкиот фактор се голема закана за морскиот живот ширум светот.

Коралните гребени се едни од најчувствителните жители на океаните, но сепак тие имаат начин како да се заштитат: крема за сончање.

Коралите во австралискиот Голем корален гребен произведуваат природна крема за сончање која им помага да се заштитат од УВ зраците, се наведува во соопштението на Здружените организации за истражување на науката и индустријата.

Скриено богатство

Во океаните се крие многу поголемо богатство од што можеме да замислиме, а тука не станува збор само за флората и фауната. Според проценките на Националната агенција за океани и атмосфера, во водата се наоѓаат околу 20 милиони тони злато. Бидејќи 1 тон е вреден речиси 37 милиони долари, на дното на океаните се наоѓа вистинско богатство.

Се проценува дека, кога би се собрало златото од сите океани, секоја личност на Земјата би поседувала 4 килограми од овој благодорен метал. Сепак, поголемиот дел од златото се раствора во водите со што драстично опаѓа неговата вредност.

Непознати животински видови

Бидејќи се истражени само 5% од океаните, познаваме само мал дел од тамошната фауна – од ден за ден се пронаоѓаат нови видови на морски животи.

Во 2016 година, Колеџот за заштита на животната средина и шумарство “SUNY” објави листа од 10 нови видови, која вклучува и впечатлив црвен морски змеј кој останал неоткриен и покрај тоа што живее во плитките води на западниот брег на Австралија.


Морски чудовишта

Во митологиите на сите народи се присутни водни чудовишта како чудовиштето од Лох Нес, Кракен, Хидра, Сцила и Харибда... Вистинските морски чудовишта се веројатно помали, но секако доволно страшни и исклучително опасни.

Еден од најопасните познати видови е Мантис, морски рак кој се смета за едно од најбрзите животни на светот. Но, тоа не се однесува на неговото движење туку на способноста за напад. Имено, овие многу интересни животни поседуваат мали екстремитети со кои му задаваат директен удар на непријателот и кои им служат за кршење на разни оклопи. Нивниот удар достигнува сила еднаква на куршум со калибар 22, додека водата околу нив почнува да врие.


Длабочина

Филипинското море е посебно поради длабоките подводни ровови. Во Маријанскиот ров (Маријански канал) се наоѓа Челенџер Дип, мала долина на 10,993 метри која е најдлабоката точка на планетата Земја. Велат дека, кога Монт Еверест би се фрлил наопаку на ова место, би му недостигал уште километар и пол за неговиот врв да го допре дното.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk