Рекорден број на луѓе во еден ден починаа од коронавирусот во Бразил, но Болсонаро безгрижно излезе на улиците по хот-дог...

Точка

25/05/2020

11:30

708

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател противниците го нарекоа „убиец“ откако во саботата навечер излезе на улица по хот-дог, во денот кога рекордни 965 граѓани починаа како последица на коронавирусот.

Болсонаро во повеќе наврати ги прекршувал мерките за социјално дистанцирање кое ги издаде Министерството за здравство на Бразил, а тоа продолжи да го прави и овој викенд иако бројот на починати во Бразил се искачи на над 22 илјади.

Во Бразил се регистрирани над 347 илјади заразени со коронавирусот и сега оваа јужноамериканска држава се наоѓа на второто место по бројот на заразени со Ковид-19 во светот.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, претседателот Болсонаро и покрај тоа безгрижно излегол на улиците по кока-кола и хот-дог, притоа воопшто не почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство.

Ова го навлече гневот на јавноста, а кога одредени граѓани го забележале на улиците започнале да му извикуваат „убиец, ѓубре и фашист“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг