„Никогаш не би помислил дека ќе се венча со принц...“: Поранешниот тренер на Меган Маркл раскажал што правела таа во минатото

Точка

25/05/2020

23:03

7.818

Големина на фонт

а а а

Бидејќи во јавноста се појави биографијата на Меган Маркл, малкумина деталите од неа оставиле рамнодушни.

Кога ја пишувала, како што пренесуваат странските медиуми, Меган имала само 24 години, а навела дека е висока 167.5 центиметри и тешка 51 килограм.

Таа одлично зборува француски и шпански јазик.


Таа во минатото играла степ, џез и балет, а се занимавала и со боречки вештини, особено за време на снимањето на серијата „Suits“. Во тоа многу ѝ помогнал Џорџ Бланко, кој што за тамошните медиуми признал дека „Меган не изгледала како некоја која денес или пак утре ќе стане принцеза“.

„Ја тренирав Меган кога беше во Торонто, во текот на снимањето на серијата „Suits“. Трениравме боречки вештини, малку бокс, а и кик бокс. Беше одлична, супер се согласувавме, а знаевме да зборуваме и на шпански меѓусебно. Никогаш не би помислил дека ќе стане принцеза“ – раскажал тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг