Видео: Премиерката на Нов Зеланд гостуваше во емисија во живо во момент на силен земјотрес

Макфакс

25/05/2020

10:15

1.221

Големина на фонт

а а а

Премиерката на Нов Зеланд, Jacинда Ардерн, преку видео врска беше гостинка во живо на телевизија кога земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди земјата. Нејзината реакција беше многу смирена.

Таа за момент изгледаше малку загрижено, но го продолжи разговорот велејќи дека е на безбедно место. „Нема светла што висат и се чини дека сум на безбедно место“, рече Ардерн. 

Ардерн, која стана премиерка во 2017 година, стекна голема популарност заради справувањето со неколку кризи: масовното пукање во Крајстчрч минатата година, вулканската ерупција во декември и пандемијата на коронавирус. 

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди областа на 90 километри северно од главниот град Велингтон. Земјотресот беше почувствуван низ целата земја и нема информации за штети или повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг