Снимен морничавиот момент од падот на авионот во Пакистан: Леталото почнало да тоне, а потоа се појавил темен облак со чад

Точка

24/05/2020

18:24

5.731

Големина на фонт

а а а

Моментот од паѓањето на патничкиот авион на населен дел во Карачи во Пакистан е снимен од безбедносните камери, а снимката е објавена на социјалните мрежи.

Според последните информации, во авионот имало 99 лица, а се срушил во петокот недалеку од аеродромот каде што требало да слета. Пистата била оддалечена помалку од еден километар.

На снимката се гледа авион кој се спушта, после што се губи помеѓу објектите, а потоа се појавува темен облак со чад.

Причината за несреќата сè уште не е позната, потврдил директорот на компанијата „PIA“, на кој му припаѓал срушениот „Airbus A320“.

Досега се потврдени 76 жртви, но не е познато дали се работи само за патници или и луѓе врз кои се срушил авионот. Леталото паднало во густо населен дел од градот.

Иако градоначалникот на Карачи првично изјавил дека нема преживеани, сепак од падот на авионот преживеале најмалку 3-ца патници, пренесува „Russia Today“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг