Пендаровски: Рамазан бајрам промовира вредности кои се особено важни во овие тешки времиња

Макфакс

23/05/2020

17:08

433

Големина на фонт

а а а

По повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, претседателот Стево Пендаровски упати честитки до граѓаните со исламска вероисповед, со желба да го минат истиот во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.

„На крајот на светиот месец Рамазан, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош“, вели во обраќањето Пендаровски и нагласува дека овој празник треба да биде потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит може да се одржат живи вредностите што нè обединуваат.

Тој воедно ги повикува верниците да останат претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваат препораките во борбата со Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг