Д-р Сашко Јовев: Чекавме неколку минути, молчевме, а потоа срцето почна да чука...

Точка

23/05/2020

15:09

6.143

Големина на фонт

а а а

Денес наутро, во 2 часот и 43 минути, почнало да чука срцето на пациентот во успешно направената прва трансплантација на срце во Македонија!

Како што веќе пишувавме, семејството на пациентката која за жал починала, се согласило да го донира нејзиното срце и да спаси живот. Еден тежок, но многу хуман гест. 

Оваа трансплантација била изведена под водство на Сашко Јовев од Државната Кардиохирургија, заедно со Жан Митрев, но и уште цел тим на кардиохирурзи.

„Кога се беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам. Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја солза“, рекол д-р Сашко Јовев и додал:

„Имаме листа на пациенти на кои им е потребна трансплантација, која се прави според светски протоколи. Кога веќе имавме донор на срце, организацијата течеше многу брзо. Бевме подготвени за овој оперативен зафат. Прифативме да работиме со колегите од приватните болници и тимот функционираше одлично“.

На оваа трансплантација, покрај Јовев и Митрев, работеле и д-р Васил Папастиев, д-р Маријан Шокаровски, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р. Димче Славевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг