Уште една бесплатна игра: Преземете ја Civilization VI

Точка

23/05/2020

12:45

3.575

Големина на фонт

а а а

Epic Games продолжува со великодушното делење на бесплатни игри, па сега од целосно бесплатната GTA V, преминуваме во светот на стратегиите со Civilization VI.

Sid Meier’s Civilization VI е бесплатна за преземање на Epic Games Store платформата во текот на следните неколку дена, односно до 28-ми мај.

Процедурата за преземање е иста како иста како и досега, треба да ја посетите официјалната страница на играта, да поминете низ процeсот на купување кој нема да ве чини ништо и играта останува во вашата библиотека засекогаш.

Civilization VI е одлична стратегија, а во овој случај бесплатно се дели основниот пакет. Секако, доколку сакате да ја збогатите, секогаш можете да додадете некој од бројните DLC додатоци.

Според некои информации, Epic Games нема намера да сопре со делењето на бесплатни игри за своите корисници. После Grand Theft Auto V и сега Civilization VI, во следниот период гејмерите бесплатно ќе ги добијат и Borderlands The Handsome Collection и Ark Survival Evolved.



Спонзорирани линкови

Маркетинг