Пет пациенти со коронавирус во земјата се излекувани со крвна плазма, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.
Тој соопшти дека на Институтот за трансфузиона медицина, денеска во употреба е пуштен новиот клеточен сепаратор за плазмаферза.
„Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со Ковид-19, апаратот ќе се користи за донирање конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата, ќе се користи за донирање стандардна плазма и тромбоцити“, објасни министерот.
Тој напоменува дека плазмата дава резултати и дека сите лица што оздравеле од овој вирус може да даруваат.