Експериментална вакцина создала антитела кај глувци, наскоро резултати и за луѓе

Точка

20/05/2020

16:43

1.279

Големина на фонт

а а а

Една американска компанија за имунотерапија соопштила денес дека е покажано дека нејзината експериментална вакцина за спречување на инфекцијата на коронавирус создала заштитни антитела кај глувците.

"Видовме реакции на антитела кои прават многу работи кои сакавме да ги видиме во евентуалната вакцина", рекол доктор Дејвид Винер, директор на центарот за вакцина и имунотерапија во Институтот "Wistar", кој соработува со компанијата "Inovio pharmaceuticals Inc". 

"Во состојба сме да се сконцентрираме на работи кои би спречиле вирусот да има сигурно пристаниште во телото", истакнал докторот.

"Inovio", кој во април почнал со тестирање на вакцината на луѓе, соопштил дека прелиминарните резултати се очекуваат во јуни. Шефицата на истражувањето и развој во "Inovio", др. Кетрин Бродерик рекла дека некои луѓе имаат благо црвенило на раката.

Кога прелиминарните тестови ќе пристигнат, како што навела, таа очекува дека "Inovio" ќе се обрати на Американската управа за храна и лекови за да добие дозвола за премин од фаза два во фаза три во јули или август.

Засега неа одобрени лекови ниту вакцина за Ковид-19, а експертите предвидуваат дека безбедна и ефикасна вакцина би можела да се развие за 12 до 18 месеци.