Сноуден: „WhatsApp и другите апликации не се направени за да ја олеснат комуникацијата, туку за да соберат што повеќе податоци за туѓи профили...“

Супермен

20/05/2020

20:42

2.735

Големина на фонт

а а а

Сноуден истакнува дека не треба да ги штитиме нашите податоци, туку треба да дефинираме кој ги собира истите и која е целта на сето тоа.

Истиот ден кога германскиот Уставен суд ѝ забрани на германската разузнавачка служба да ја следи интернет комуникацијата на странците, на виртуелната конференција „Deutsche telekom – Digital X“, гостувал и еден од најпознатите свиркачи на светот – Едвард Сноуден.

Овој Американец кој што со години работи за ЦИА, стана познат кога откри дека NSA ги прислушкува и следи луѓето иако за тоа нема правна основа. Потоа мораше да го напушти САД, а прибежиште нашол во Русија, каде што живее во последните седум години.


И од Русија се вклучиле во конференцијата во живо и оттаму дале свое гледиште за дигитализацијата на светот...

Сноуден ја поздравил одлуката на Уставниот германски суд, а потоа направил паралела со тоа што го правела NSA кога ја следела комуникацијата на луѓето.

Истакнал дека се надева дека оваа одлука ќе ги поттикне и другите држави да внимаваат малку повеќе на приватноста на своите граѓани, внатре, но и надвор од границите на своите држави.

Тој потсетил дека масовниот надзор на граѓаните како последица на борбата против тероризмот, всушност е губење време и ресурси, а истовремено овозможува агенцијата да следи некои интересни личности, како на пример новинарите.


„Апликациите како WhatsApp, не се дизајнирани за да ви ја осигураат приватноста, туку за да соберат што повеќе информации и да им овозможат на нивните сопственици остварување профит. Тоа не е во ред“ – предупредил Сноуден.

Тој исто така ‘ја допрел’ и темата за коронавирусот, во контекст на технологијата. Истакнал дека во цел свет коронавирусот покажал како технологијата, но и вирусот не познаваат граници, па така и ние самите не можеме да се бориме против нив индивидуално.

„Никој од нас не може да го спаси светот самостојно, но можеме да соработуваме за да се бориме против неправдата во иднина“ – истакнал на крај Сноуден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг