Проект Сирија: Пребеган сириски терорист ја открил врската меѓу Исламската држава и Пентагон

Точка

19/05/2020

14:50

3.855

Големина на фонт

а а а

Американските војници, ангажирани во базата Танф во Сирија, активно соработуваат со терористичката единица ИСИС, им раскажал на руските новинари Абу Хамза.

Хамза е командант на терористичка група, која преминала на страната на владините сили. 

"Американците сметаат дека тоа е нивна земја. Се однесуваат како кралеви таму. Капетанот Мајк, сите, сите тие се таму исти...Работат, соработуваат со припадници на ИСИС. Работеа со нив, а сега ги обучуваат и соработуваат", рекол Абу Хамза.

Капетанот Мајк, кого го споменал овој пребеган милитант, бил негов инструктор. Според зборовите на Хамза, инструкторот не знае ништо за тоа дека американските власти "ги користат сириските терористи", "тој знае само да користи оружје" и обучува како истото да се користи. Конкретно, Абу Хамза го обучувале за ракување со американски митралези со калибар од 40 и 50 мм

Во регионот Танф, на сириско-јорданската граница, сместена е воена база на САД. Во зоната од 55 километри околу базата, која ја контролираат американските војници, се наоѓа бегалски камп.

Руските војници, претставници на Министерството за надворешни работи на Русија и Сирија, неколку пати соопштувале дека ситуацијата во кампот се ближи кон хуманитарна катастрофа.