Точка ТВ: Неверојатна приказна - како една чаша вода спречила пад на авион и голема трагедија?

Точка

19/05/2020

16:46

4.799

Големина на фонт

а а а

На 7 септември 2010 година, авион на руската компанија “Alrosa” летал од Удачни до Москва. Авионот “Tupolev Tu-154” бил користен повеќе од 20 години и никогаш претходно не доживеал ниту една несреќа, така што авионскиот екипаж не се ни сомневал во леснотијата на летот.

Патниците ги предале своите карти, се качиле на авионот, пилотот ги поздравил сите и летот започнал – сè се одвивало како и вообичаено. 

Но, тоа што се случило подоцна е навистина застрашувачки...

По кратко време од полетувањето на авионот, откажала целата опрема – дошло до прекин на електричната енергија, а во близина немало аеродром. Во далечината се наѕирала само една писта опколена со сибирска снежна шума.

Тешко може да се замисли полошо сценарио од ова, па затоа е вистинско чудо како преживеале сите патници на авионот, и тоа благодарение на – една чаша вода!

Поради недостигот од електрична енергија, откажале пумпите за бензин така што единствената опција била – принудно слетување. Авионот можел да остане во воздух уште 30 минути, а пилотите морале да се ослонат само на својот вид. Тие управувале со леталото на висина од 10.600 метри, а најблискиот аеродром бил предалеку.


Авионот Tupolev Tu-154 на компанијата Alrosa

Но, пилотите се сетиле на еден стар и заборавен трик – тие ставиле чаша полна со вода на контролниот панел. Додека управувале со авионот, пилотите го следеле движењето на водата во чашата и на тој начин го мереле аголот според навалувањето.

Со ова прилично едноставно, но генијално решение, успеале да го спуштат авионот на 3.000 метри, по што се обиделе и успеале да го вклучат генераторот, но сè уште немало електрична енергија.

Чиста среќа било тоа што во еден момент пилотите забележале стар напуштен аеродром во близина на градот Изма и заклучиле дека таму можат да го слетаат авионот. На напуштениот аеродром се наоѓал само супервизорот – Сергеј Сотников, кој благодарение на својата добра волја го одржувал аеродромот во добра состојба. Да не бил Сотников кој ја одржувал пистата и по затворањето на аеродромот во 2003 година, слетувањето немало да биде успешно.


Сергеј Сотников

Иако авионот се движел премногу брзо за слетување, а пистата била премала, пилотите решиле да ризикуваат. Сите патници биле преместени во предниот дел од авионот и, како што тврдат извештаите, не владеело никаква паника.

По три обиди, авионот конечно слетал на пистата, но продолжил да се движи кон шумата. Дрвјата го забавиле леталото и тоа запрело, а сите 72 патници безбедно излегле од авионот.

Пилотите Андреј Ламанов и Јевгени Новоселов биле прогласени за херои на Руската федерација, а 7 останати членови на авионскиот екипаж помеѓу кои и Сергеј Сотников добиле орден за храброст.


Андреј Ламанов


Јевгени Новоселов


Членовите на авионскиот екипаж по церемонијата за доделување на ордените


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk