Илон Маск ќе треба да лансира 10 илјади нуклеарни ракети на Марс: Нема проблем...

24 Вести

19/05/2020

11:45

3.384

Големина на фонт

а а а

Основачот на “Tesla Motors” и “SpaceX”, Илон Маск не гледа проблем во тоа да бидат лансирани 10 илјади нуклеарни ракети на Марс за бомбардирање на „Црвената планета“.

Планот на Илон Маск е бомбардирање на Марс поради тераформирање и создавање на услови за живот на оваа планета. Свој коментар во врска со тоа даде и извршниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Александар Блошенко. Тој изјави дека доколку Илон Маск планира да го спроведе планот, ќе му бидат потребни 10 илјади нуклеарни ракети.

На тоа, Илон Маск накратко на Твитер одговори: „Нема проблем“.

Претходно, Илон Маск предложи на Марс да се создадат услови за живот слични на планетата Земја, со спроведување на огромна серија на термонуклеарни експлозии на двата полови на планетата.

Според идејата на Маск, тоа би довело до испарување на замрзнатиот јаглеород-диоксид од кој се состојат ледените капи на половите на Марс. Гасот кој би испарил би создал густа атмосфера, што би предизвикало ефект на „стаклена градина“ и зголемување на температурата.


Како одговор на ова, Блошенко изјави дека за термонуклеарни експлозии на половите на Марс треба да се лансираат околу 10 илјади такви ракети. Сепак, според него, не е реално да се очекува дека во најблиска иднина човештвото ќе може да влијае на промената на климата на Марс и Венера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг