Европската унија во 2012-та година го нарачала и објавила стрипот "Заразени", кој страшно го предвидел тоа што се случува денес со глобалната пандемија на Covid-19. Меѓутоа, во оваа пропагандна презентација на пресметување со вирусот, глобалистичките бирократи на крајот ја спасуваат планетата.
Како што пишува "Summit News", стрипот "Заразени" е продукција на Меѓународната група за соработка и развој на Европската комисија. Не бил наменет за пошироката публика, туку се делел внатре во институциите на ЕУ. Отпечатени биле неколку стотини примероци.
Графичкиот роман прикажува научници во лабораторија во Кина, кои експериментираат со смртоносен патоген. Наеднаш од иднината се појавува "јунак", кој ги предупредува властите на пандемијата која доаѓа и претставува противотров од вселената. Тогаш злобните опортунитисти го крадат лекот од јунакот и го продаваат на фармацевтска компанија.
Нацртаната приказна од 2012-та година содржи и пренос на нов вирус од животни на луѓе на преполн пазар како оној во Вухан.
Bizarre EU-Funded #Comic Book Predicted #Pandemic, With Globalists As Saviours
— Crazy Little Talks (@CrazyLittleTalk) May 17, 2020
"Titled 'Infected’, it was not intended for widespread public consumption, but instead to be distributed inside #EU institutions..." Purpose behind book?
More pics & story:https://t.co/yktmRv0WcU pic.twitter.com/G9mNEsjLP0
"Навистина, размислете дали сте се заразиле со новиот агенс на овој пазар" вели главниот советник на ОН за заразни болести, додавајќи: "Веројатно тоа не би го ни сфатиле до крајот на инкубациониот период".
Публикацијата сугерира дека авионските летови го забрзале ширењето на заразата, а потоа се нагласува неуспехот на Светската здравствена организација да делува доволно брзо да ја спречи пандемијата. Во стрипот е отсликано заседание на Парламентот на ЕУ, во кое Брисел се заложува за интегрирана европска соработка во врска со глобални здравствени прашања и претставува агенда за "Единствено здравство".
Исто така, во текот на пандемијата биле предвидени драконски мерки за безбедност, вклучувајќи социјално дистанцирање, кое секојдневниот живот го прави сосема неподнослив. На крајот, по сопствената фикција на еврократите, нивниот глобализам ја спасува планетата.
Bizarre EU-Funded #Comic Book Predicted #Pandemic, With Globalists As Saviours
— Crazy Little Talks (@CrazyLittleTalk) May 17, 2020
"Titled 'Infected’, it was not intended for widespread public consumption, but instead to be distributed inside #EU institutions..." Purpose behind book?
More pics & story:https://t.co/yktmRv0WcU pic.twitter.com/RrIAWLlbwd
Последните цртежи на стрипот покажуваат заседание на Парламентот на ЕУ и прослава на победата над вирусот.
Во реалноста, шефот на ЕУ за наука во 2020-та година поднел оставка поради нестручниот одговор на вирусот на европските институции.