Бројот на починати на дневно ниво во Италија се намалува, но бројот на заразени и понатаму расте!

Точка

16/05/2020

23:06

3.301

Големина на фонт

а а а

Во изминатите 24 часа во Италија од коронавирус починале 153 лица, што е најмал број жртви во еден ден од 9-ти март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Но, пораснал бројот на заболени во однос на вчера, па така има 875 новорегистрирани, за разлика од денот претходно кога имало 789 нови случаи.

Вкупниот број починати од почетокот на епидемијата на 21-ви февруари е речиси 32.000, па Италија е трета по бројот жртви по САД и Велика Британија.


Потврдени се повеќе од 224.000 случаи и со тоа Италија е на петто место во светот по САД, Шпанија, Британија и Русија. Денеска паднал и бројот на активни случаи на 70.187 за разлика од вчера кога имало 72.070

На интензивна нега има 775 пациенти, 33 помалку од вчера. Од сите заболени досега се опоравиле 122.810 пациенти. Тестирани се 1.900.000 лица, од 60 милиони колку што живеат во Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг