Успешно тестирање на вакцината против Ковид-19 на мајмуни

Точка

15/05/2020

20:05

2.891

Големина на фонт

а а а

Потенцијалната вакцина против коронавирусот дала добри резултати во истражување спроведено на мајмуни, чиј имунолошки систем е сличен со човечкиот.

Резултатите од тоа тестирање влеваат надеж дека оваа вакцина би можела да ги заштити луѓето од коронавирус, но сè уште нема гаранција за таков исход.

BBC“ наведува дека за време на тестирањето на вирусот SARS-CoV-2 била изложена група мајмуни, а шест од нив кои ја примиле вакцината имале помало присуство на вирус во белите дробови и дишните патишта и кај нив не се појавило воспаление на белите дробови, како и негативни последици од вакцината.

Ова истражување било спроведено во Соединетите Американски Држави, со учество на истражувачи од здравствени установи во таа земја и експерти од Оксфорд.

Како што наведува „BBC“, во меѓувреме почнало и клиничкото тестирање на оваа вакцина на луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг