"Се води валкана борба за тоа кој прв ќе направи вакцина"

Точка

15/05/2020

21:28

4.340

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјавил дека во светот моментално се води валкана борба за тоа кој прв ќе направи вакцина против коронавирусот.

"Станува збор за борба за престиж кој прв ќе ја направи вакцината. Станува збор за национален егоизам", рекол тој, пренесува "Sputinik". 

Лавров навел и дека постојат сознанија дека Америка ја купила француската компанија "Санофи" само поради тоа што таа фармацевтска компанија би можела прва да ја направи вакцината.

"Меѓутоа, цела Европа го дели ставот кој го застапува и Русија, дека кој и да ја направи вакцината треба да направи таа да им биде достапна на сите. Единствено таквиот став има смисла, во геополитиката нема место за тоа", нагласил тој.

Лавров додал и дека ниедна земја не би требало вакцината да ја претвора во своевидна геополитичка корист.

Рускиот министер ги отфрлил сите обвиненија на сметка на Русија дека ги крие вистинските информации за бројот на смртни случаи кога станува збор за коронавирусот, велејќи дека Москва на таков начин "не си игра животот на луѓето".

"Човечките животи не се шега, никој во Русија не си игра на тој начин. Загрижува тоа што некој ја користи оваа ситуација да обвини било кој", заклучил Лавров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг