Претседателот на Бешикташ меѓу осумте позитивни на корона вирус во клубот

Макфакс

14/05/2020

20:32

914

Големина на фонт

а а а

Извршниот претседател на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби е меѓу осумте позитивни на корона вирус во неговиот фудбалски клуб, по низата позитивни случаи во турскиот фудбал.

Кратко откако потврдија дека осум неименувани членови на клубот имаат КОВИД-19, клубот потврди дека и Чеби имал позитивен тест. Тимот наводно престанал да тренира и покрај најавите дека Турската Суперлига се враќа на 12 јуни.

„Третманот на луѓето со позитивни тестови почна веднаш според редовната процедура“, изјави докторот на тимот, Текин Керем Улку.

Подоцна и Касимпаша откри дека има два позитивни фудбалери на корона вирус, кои почнале со карантин, додека во средата второлигашот Ерзурумспор објави дека има дури 11 позитивни случаи, од кои четири се фудбалери.

Со овие резултати се поставува притисок на Турската фудбалска федерација (ТФФ) да го одложи најавеното враќање на лигата.

И покрај овие позитивни тестови, повеќе турски клубови, вклучувајќи го и Галатасарај денеска продолжија нормално со тренинзи. Првите четири клуба на лигата се одвоени на само четири поени на осум кола пред крајот на шампионатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг