Сончево и многу топло, со температури до 32 степени

Макфакс

14/05/2020

09:41

833

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на неделава во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг