Во тек е операција за кражба на истражување за вакцината против корона? - шокантно предупредување на ФБИ, позади сето тоа постои една голема сила!

Точка

13/05/2020

21:35

4.639

Големина на фонт

а а а

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност денеска предупредија дека хакерите кои ги поддржува кинеската влада можеби се обидуваат да ја украдат работата на американските истражувачи за развој на вакцина и лекови против коронавирус.

Тие две агенции денеска објавија предупредување за потенцијална закана. Тие издадоа слично предупредување и на почетокот на овој месец, пренесува „AP“.

Во заедничкото соопштение се наведува дека напорите на Кина претставуваат 'сериозна закана' за здравствениот, фармацевтскиот и истражувачкиот сектор.

„Обидот на Кина да цели на тие сектори претставува сериозна закана на одговорот на нашата земја на Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Хакерите, но исто така и истражувачите и студентите, според американската администрација се активни во крадење на информациите во рамки на универзитетските институти и јавните лаборатории каде што работат, пренесува „Франс прес“.

ФБИ и Агенцијата за сајбер безбедност, соопштија дека ќе ги објават техничките детали и закани во наредните денови и барале од организациите да пријават било каква сомнителна активност.

Американските власти веќе долго време се жалат дека Кина преку хакирање краде академски и економски податоци за да ја зајакне својата економија.

Ова предупредување е издадено во период кога расте тензијата помеѓу американската и кинеската влада околу потеклото на пандемијата и почетниот кинески одговор на неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг