Пожар во болница во Москва во која се сместени заразени од коронавирусот, има и загинати

Точка

09/05/2020

21:37

2.580

Големина на фонт

а а а

Досега едно лице го загубило животот во пожарот кој избил во болница во Москва во која се сместени пациенти заразени од коронавирус.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарот избил на приземје, а пациентите се евакуирани на друго одделение.

##https://twitter.com/fedsovetov/status/1259182358516895750?s=20##

Пожарникарите добиле повик околу 8:30 по локално време. Не е познато кои се причините за пожарот.

Навреме била отстранета и заштитната медицинска опрема за Ковид-19, која била сместена во близина на местото каде што избил пожарот.

Во Русија од коронавирус се зразени речиси 200.000 луѓе, а починале 1.827.



Спонзорирани линкови

Маркетинг