Италија е трета држава во светот со над 30.000 починати од Ковид-19

Макфакс

08/05/2020

20:29

986

Големина на фонт

а а а

Италија стана трета земја во светот каде што бројот на починати од коронавирус надмина 30.000, откако денеска беа евидентирани уште 243 смртни случаи.

Oд избувнувањето на епидемијата на 21 февруари, во Италија починале 30.201 лице, објави Агенцијата за цивилна заштита. Поголем број на смртни случаи имаат само САД и Велика Британија.

Бројот на новозаразени денеска е 1.327, што е благ пад во однос на претходниот ден, пренесува „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг