Форензичарите во Хамбург извршиле околу 170 обдукции на починати од корона! Еве што пронашле во телата на починатите...

Точка

08/05/2020

18:48

4.444

Големина на фонт

а а а

Форензичките лекари во Хамбург извршиле околу 170 обдукции на починати од Covid-19, и заклучиле дека пациентите често умираат од тромбоза и белодробна емболија. Овие сознанија би требало да помогнат во лечењето на заболените.

Форензичарот и патолог Клаус Пишел, ги облекува своите црни гумени чизми, синиот мантил, ја врзува пластичната кецела и навлекува бели гумени ракавици. Потоа оди во салата за обдукција каде на масата лежи покојникот. На белиот чаршав со кој е покриено телото, некој напишал - "корона". 

Пишел, директор на институтот во Хамбург, пронашол показатели кои укажуваат на белодробна емболија и при други обдукции. Тој и Штефан Клуге, директор на клиниката на интензивна нега во Хамбург, ова го гледаат како потврда на можна ефикасност на терапиите со лекови за разредување на крвта, односно антикоагуланси - кај пациентите заразени со коронавирусот. Пишел истакнува дека терапијата се повеќе се насочува на "систем на коагулација на крвта и создавање на тромб", што значи дека се преземаат поинтензивни мерки на претпазливост за да се обезбеди да не се развијат тромбоза и емболија.

"Во секојдневната клиничка пракса веќе имаме забележано дека Covid-19 доведува до невообичаено голем број на тромбози и белодробни емболии", додал Клуге. Аутопсиите тоа го потврдиле.

Лекарите оваа важна информација сега ќе ја применат при лечењето на пациентите заболени од Covid-19. "Тоа значи дека внимателно ќе разгледаме дали може да ги лечиме пациентите со лекови за разредување на крвта".

Истражувањето било објавено во престижното американско списание "Annals of Internal Medicine". Пред објавувањето го прегледале четири независни експерти.