Коронавирусот несопирливо се шири во Русија: За само 24 часа регистрирани се над 11 илјади нови случаи

Точка

07/05/2020

12:46

1.219

Големина на фонт

а а а

Русија денес регистрираше нови рекордни 11,230 случаи на коронавирусот и со тоа вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 177,160.

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта како последица на коронавирусот починале 88 лица и бројот на починати во главниот град Москва, инаку најголемо жариште на епидемијата во земјата се искачи на 1,625.

Во руската престолнина во изминатите 24 часа се регистрирани 6,703 случаи на коронавирусот.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин еден ден претходно изјави дека сега бројката на заразени рапидно расте затоа што властите го зголемиле бројот на тестирања кои се спроведуваат ширум државата, но најмногу во главниот град.


Со најновите бројки, Русија ја надмина Германија и сега се наоѓа на петтото место на листата со најпогодени земји од Ковид-19.

И покрај практично несопирливото ширење на вирусот, руските власти сепак одлучија од 12-ти мај да започнат со постепено укинување на мерките за изолација кои се на сила од крајот на март кога епидемијата започна да се шири низ земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг