Точка ТВ: Светли точки над нашето небо неодамна ги збунија граѓаните: За што станува збор?

Точка

06/05/2020

21:10

5.585

Големина на фонт

а а а

Небото над Македонија пред околу две седмици не изгледаше како и вообичаено – граѓаните можеа да забележат летечки објекти, односно светли точки кои летаат наредени во низа. За што точно станува збор?

Доколку забележавте светли точки како летаат наредени во низа над нашето небо пред околу две седмици, не се грижете, не станува збор за вонземјани или метеори кои ја „нападнале“ Земјата.

Станува збор за "Starlink" сателитите на американската компанија "SpaceX". Имено, основачот на "SpaceX", Илон Маск планира со лансирање на голем број на сателити во орбитата, да обезбеди интернет до сите рурални средини, најпрвин во САД, а потоа и насекаде низ светот. Првиот човек на "SpaceX" има намера да ја поврзе целата Земја со сателитски интернет до средината на оваа година.

Поради тоа, "SpaceX" започна со реализација на проектот уште минатата година. Во периодот од 24-ти мај 2019-та до 18-ти март оваа година со ракетата "Falcon 9" беа лансирани шест групи по 60 сателити, а на крајот во орбитата околу Земјата би требало да кружат дури 12 илјади сателити.

Сепак, поврзувањето на светот со сателитски интернет ќе сноси последици, а најмногу ќе ги почуствуваат астрономите. Имено, поради огромниот број на сателити кои ќе орбитираат пониско од класичните комуникациски сателити, астрономите стравуваат дека тие останат без поглед на чистото ѕвездено небо.


##https://twitter.com/200_zoka/status/1251555561369460736?s=20##

Иако е склучен договор во координација помеѓу "SpaceX" и научниците за да се одржи рамнотежа, многумина сметаат дека телекомуникациските компании успеваат да ги променат параметрите на сателитите.

Илон Маск ветил дека идните сателити ќе бидат обоени во црно со цел да се намали нивната видливост, но сепак факт е дека огромниот број на сателити ќе го отежни истражувањето на небото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk