Српскиот доктор повторно во центарот на вниманието: Побарав децата да излезат надвор и да се инфицираат

Точка

06/05/2020

15:19

4.934

Големина на фонт

а а а

Доктор Бранимир Несторови се прослави со изјавата дека коронавирусот е „најсмешниот вирус“ во историјата, а сега повторно го привлече виманието со најновата изјава.

Српскиот пулмолог им порача на граѓаните дека сега е идеален момент да излезат од своите домови и да се заразат со коронавирусот, затоа што на тој начин ќе стекнат имунитет и ќе спречат враќање на Ковид-19.

„Шансите да дојде до потешки клинички слики се практично невозможни“, изјави Несторовиќ и ги советуваше постарите од 65 години подобро да се чуваат до почетокот на јуни или до средината на истиот месец.

Тој тврди дека бил најоптимистичниот член во српскиот кризен штаб дека ситуацијата во земјата би била подобра да не се случел инцидентот во Геронтолошкиот институт во Ниш каде што починаа речиси една петина од вкупниот број на смртни случаи во Србија.


„Ова повеќе не е истиот вирус од пред два месеци. Веќе две седмици немаме потешко заболени пациенти. Со минувањето низ луѓето вирусот ослабна. Ние на секој заболен имаме по 50 други кои биле инфицирани, но немале симптоми. Не верувам дека ќе дојде до втор бран“, уверува доктор Несторовиќ.

„Јас бев заговорник да бидат отворени училиштата, ја заговарав идејата децата да излезат и да се инфицираат“, порача Несторовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг