Борба против пандемијата: Зошто богатите европски земји претрпеа поголема штета од источните членки на ЕУ?

Точка

06/05/2020

21:59

3.698

Големина на фонт

а а а

Мапата на раширеност на коронавирусот во Европа јасно покажува дека богатите земји членки на ЕУ претрпеле значително поголема штета од источните земји членки.

Дури и најтешко погодените земји од централна и источна Европа имаат многу пониска стапка на инфицираност и смртност од коронавирусот на милион жители, отколку западноевропските земји, пренесува британски „Гардијан“.

На пример Словачка има само 1,423 заразени и 25 смртни случаи. Соседна Австрија, земја која многумина ја сметаат за успешна за справувањето со коронавирусот, има 10 пати повеќе заразени и 20 пати повеќе смртни случаи, а само една третина повеќе жители.

На тоа можеби влијаеле повеќе поединечни фактори кај различни земји: понискиот животен век што значи помалкубројна ранлива постара популација, помала густина на жители, помал авиосообраќај со Кина, пониска стапка на тестирања, или едноставно среќа.

За сопирањето на ширењето на вирусот значително придонесе носењето на маски кое во Чешка и Словачка беше задолжително од почетокот на епидемијата. Сепак, можеби најголемата причина за драстичната разлика во бројките е раното воведување на карантинот и рестриктивните мерки во речиси сите земји од централна и југоисточна Европа.

Додека во Велика Британија и останатите побогати западноевропски земји јавните случувања и собири се уште беа дозволени и во текот на втората и третата седмица од март, во централна и источна Европа владите видоа што се случува во Италија и веднаш воведоа рестриктивни мерки.

Во таа одлучност според „Гардијан“ можеби и придонел стравот во некои земји поради нивните ранливи здравствени системи.

Како пример е посочена соседна Грција каде што властите воведоа рестриктивни мерки за да не го оптоварат здравствениот систем, па така последиците се сосема мали. Иако станува збор за земја со популација од околу 11 милиони жители, досега се регистрирани само 2,620 случаи на коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг