Бразил е најтешко погодената земја во Латинска Америка: Рекорден број на заболени и починати во последните 24 часа

Точка

06/05/2020

10:20

1.567

Големина на фонт

а а а

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 6,935 нови случаи на коронавирусот, а како последица на Ковид-19 починаа 600 луѓе.

Досега со вирусот во оваа земја се заразени речиси 115 илјади луѓе, а вирусот однесе речиси 8 илјади животи. Со овие бројки, Бразил е најтешко погодената земја од пандемијата на коронавирусот во Латинска Америка.

Најмногу заболени се пријавени во државите Сао Паоло и Рио Де Жанеиро, како и Сеара на северозападот на земјата, чиј главен град Форталеза е во целосен карантин од минатиот петок.

Заменик министерот за здравство, Вандерсон Оливеира изјави дека новите смртни случаи не мора да значи дека се случиле само во текот на минатиот ден, туку се официјално признаени тој ден.

Тој напомена дека во приватните лаборатории се спроведени над 100 илјади тестирања кои бразилската влада официјално не ги признава за валидни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг