Мицкоски: Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори

Макфакс

04/05/2020

14:15

979

Големина на фонт

а а а

Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и не треба да биде предмет за било какви преговори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод одбележувањето на 117 годишната од загинувањето на револуционерот.

„Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Она кое што сакам денеска од овде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ќе се обиде да ги игнорира провокациите кои што доаѓаат и кои што се поистоветуваат во предизборието.

„Ние не сме како некои наши соседи, имињата на нашите дејци кои што крвареле и животот го положиле за оваа држава да ги злоупотребиме во предизборна кампања, напротив, ние се гордееме, сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Тие коишто се закопани во минатото, нека останат таму во минатото на делби и поделби, ние сме тука да шириме енергија која што ќе обединува не само во Македонија, туку и пошироко ќе ги обединува сите балкански народи. Слава му“, заклучи Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг