Најраниот случај датирал од 19-ти февруари и потекнувал од заразена личност која што не патувала во странство и немала контакт со потенцијално заразен пациент.
Избивањето на коронавирусот во Франција има мала поврзаност со случаите кои што се поврзани со Кина или пак Италија, затоа што уште една болест со непознато потекло веќе ги заразила луѓето во таа земја пред тоа, тврди новото истражување.
Виролозите од Институтот Пастер во Париз, издвоиле геноми од примероците кои што биле земени од 97 француски и три алжирски пациенти заразени од коронавирусот помеѓу 24-ти јануари и 24-ти март.
Тоа што го откриле е дека доминантните видови вирус Ковид-19 во Франција се разликуваат од оние кои што стигнале од Кина или пак Италија.
Најраниот примерок во Франција датирал од 19-ти февруари и потекнувал од заразена личност која што не патувала во странство и немала контакт со потенцијално заразен пациент од Ковид-19.
„Можеме да заклучиме дека вирусот циркулирал во Франција уште во февруари, пред бранот Ковид-19 во земјава“ – се наведува во извештајот направен на сајтот „bioRxiv“.
Научниците не го откриле потеклото на третиот слој, но додале дека не е доволно веродостојно увтрдувањето на времето на неговото доаѓање во Франција, пренесува „Russia Today“.