Променливо облачно време со сончеви периоди

Макфакс

29/04/2020

09:22

842

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне ќе има локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 19 до до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно време, попладне со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во наредниот период следува период на променливо облачно и топло време со сочеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг