Потенцијалниот наследник на Ким Јонг Ун би бил неговиот внук кој се школувал во Мостар? „Го викаа ‘Ракија’, беше нормален, но малку смотан“

Точка

28/04/2020

20:57

7.524

Големина на фонт

а а а

Ким Хан Сол се школувал во Босна и Херцеговина пред околу 10 години, кога бил на 16 годишна возраст. Тој често одел во кафулињата кои што се наоѓале на плоштадот, а таму пиел домашна ракија, па по неа го добил својот надимак.

Здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е непозната. Како што знаеме по светските медиуми брзо се рашири информацијата за неговата потенцијална смрт, а сега од „Bloomberg“ и „Financial Times“, како можен наследник на Ким го споменуваат неговиот внук, Ким Хан Сол кој што студирал во Мостар.


Луѓето од Босна и Херцеговина него го нарекувале ‘Ракија’. Тоа било во временски период пред околу 10 години, а тогаш 16-годишниот Ким Хан Сол одел во меѓународното училиште United World College.

Мостарците на него се сеќаваат воглавно во позитивна смисла, со симпатии.

„Постојано дремеше во една кафеана на плоштадот. Требаше да го видите тоа. Влегуваш во некоја сала, а таму како да е 1986-та година. Таму се служеше пијалак, имаше ракија – домашна, која ја правеше газдарицата на кафеаната. Таа ја пиеше тој, а нашите го нарекуваа ‘Ракија’“ – раскажала Мостарката за порталот „24 сата“ и додала дека тој бил ‘нормален’ тип.


„Беше ‘chill’, преопуштен тип. Немаше врска со неговиот чичко. Нормално момче. Беше малку смотан. Не зборуваше многу ниту за чичко му, колку што знам. ОК лик“ – изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг