Како правилно се носи заштитната маска?

Макфакс

28/04/2020

11:13

1.476

Големина на фонт

а а а

Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција, напиша министерот за здравство на „Фејсбук“.

Тој сподели едукативни фотографии за правилна употреба на заштитната маска.

Маската треба да биде прилепена за лицето, и устата и носот да бидат целосно покриени. Маската не смее да се допира со нечисти раце, а треба да се вади со помош на ластиците, без допирање на предниот дел.

Пред и по вадење на маската задолжително треба да се измијат рацете, а маските за една употреба не смеат да се користат повеќе пати.

Според новата законска уредба на Владата, задолжително е носење на маска или марама во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз.

На отворено, маските ќе бидат задолжителни на пазарите и на места каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра. Маска не мора да се носи во двор, на тераса во сопствените домови, на велосипед, при спортување на отворено или во автомобил со луѓе од семејство.

До крајот на месецов ќе има само опомени за тие што нема да носат маска, а од 1 мај казните ќе бидат 20 евра. Фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените ќе бидат казнети со 2.000 евра, а одговорното лице на фирмата посебно ќе плати казна од 1000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг