Во Италија најмал број на починати за еден ден од коронавирус од почетокот на епидемијата

Макфакс

27/04/2020

08:51

702

Големина на фонт

а а а

Во Италија во изминатите 24 часа од коронавирус починале 260 лица, што е најмал дневен пораст на жртви од првата недела од воведувањето на карантинот на средината на март.

Помал број на жртви е забележан единствено на 14 март, кога биле пријавени 175 починати.

Во Италија досега вкупно починале 26.644 лица. До крајот на март, кога во Италија беше пикот на епидемијата, бројот на починати на дневно ниво беше над илјада.

Во изминатите 24 часа во Италија се потврдени 2.324 нови случаи, со што вкупниот број на заразени порасна на 197.675.



Спонзорирани линкови

Маркетинг