Бројот на заболени во САД се приближува до еден милион

Макфакс

26/04/2020

14:04

1.288

Големина на фонт

а а а

Вооо изминатите 24 часа во САД од коронавирус починале 2.494 луѓе, па бројот на починати повторно расте, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Во петокот биле забележани 1.258 смртни случаи, што беше најмал број во речиси три недели.

САД се со најголем број на смртност од коронавирус со вкупно 53.511 починати и 936.293 потврдени инфицирани случаи од почетокот на пандемијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат по еден месец не одржа прес-конференција за новинари во Белата куќа.

„Која е поентата да се организира прес-конференција кога патетични медиуми поставуваат само непријателски прашања и одбиваат точно да известуваат за вистинитоста на фактите“ напиша Трамп на својот Твитер.

Тој во четвртокот предложи коронавирусот да се лекува со вбризгување на дезинфекциски средства во телата на болните, што предизвика осуда кај здравствената заедница во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг