Конечно го победија вирусот: Во Вухан повеќе нема заразени од Ковид-19

Точка

26/04/2020

11:18

2.214

Големина на фонт

а а а

Во болниците во кинескиот град Вухан од каде што пандемијата се прошири низ целиот свет, повеќе нема заразени со коронавирусот, изјави денес портпаролот на Националната здравствена комисија, Ми Фенг.

„Последната вест е дека на 26-ти април, бројот на новозаболени од коронавирусот во Вухан е нула, благодарение на напорите на градот и медицинските работници од сите краишта на земјата“, изјави Фенг на конференцијата за медиуми.

Во Вухан се пријавени 46,452 случаи на Ковид-19, што е 56% од вкупниот број на заразени на територијата на Кина.


Според податоците на кинеските власти, во овој град досега починаа 3,869 лица, што 84% од вкупниот број на починати во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг